Утрински Весник
Свет

Трамп вели дека разговарал со Путин

Tramp epa.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека разговорот бил добар, но дека нема да „доведе до моментален мир“ во Украина.

Трамп изјави дека разговарал со Путин околу еден час и 15 минути за нападот на Украина врз руските авиони во близина на аеродромот, како и за други напади што се случиле од двете страни.


„Беше добар разговор, но не разговор што ќе доведе до моментален мир“. Претседателот Путин рече, и тоа многу силно, дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите“, наведе Трамп во објава на Truth Social.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија