Утрински Весник
Свет

Трамп укина правило старо речиси 100 години – тој ќе одлучува кој од новинарите ќе ја следи неговата работа во Белата куќа

20250226115304 Big 730x400 66.webp.webp

Белата куќа им го одзеде на новинарите речиси вековното право да одлучуваат кој од нив ќе известува за претседателските настани, а претседателот Доналд Трамп истакна дека сега тој одлучува за пристапот на медиумите.

Портпаролката на Трамп, Керолин Ливит, на дневниот брифинг најави дека независната асоцијација на дописници од Белата куќа (WHCA) повеќе нема да има „монопол“ за избор на членови на „прес-клубот“.


Тоа е мала група новинари кои го покриваат американскиот претседател во често тесни простори како Овалната канцеларија и Ер Форс 1, а потоа ги споделуваат материјалите со други медиумски организации.

Оваа неочекувана одлука дојде откако Трамп му забрани на Асошиетед прес да присуствува на некои настани во Белата куќа, бидејќи агенцијата го користеше името Мексикански Залив наместо, како што Трамп го преименуваше, Американски Залив. За возврат, Трамп ја нарече АП „ужасна“ и „радикална левица“.

Ливит (27), најмладата портпаролка на Белата куќа, рече дека WHCA „одамна диктира на кои новинари им е дозволено да му поставуваат прашања на претседателот на Соединетите Држави во овој најинтимен простор“.

„Повеќе не. Горда сум што можам да објавам дека ќе ја вратиме власта на народот. Одделот за комуникации на Белата куќа ќе биде одговорен за изборот на новинарскиот тим“, рече Ливит.

Досега, т.н. „прес-клуб“ во претседателскиот авион го сочинуваа 13 новинари, фотографи и телевизиски и радио репортери, додека нивниот број во Белата куќа е нешто поголем.

Некои новински куќи имаат постојани позиции, додека некои ротираат.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: ЕУ не ги менува своите цели за заштита на животната средина

Лавров: Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи

Полска го презеде патролирањето со воздушниот простор на балтичките држави