Утрински Весник
Свет

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Avionus.jpg

Авионот на американскиот претседател Доналд Трамп, „Ер Форс Уан“, се врати во Соединетите Држави кратко по полетувањето за Швајцарија поради мал електричен проблем. Трамп беше на пат кон Светскиот економски форум.

Сепак, иако не беше познато дали Трамп ќе се качи на друг авион за Давос, американските медиуми објавија дека Трамп се качил на друг авион и се упатил кон Давос.

Според распоредот, тој во Давос ќе има посебно обраќање кое е закажано за 14.30 часот по средно европско време.

Светската јавност е во исчекување кои ќе бидат следните чекори на Трамп во однос на неговите закани „дека на овој или оној начин“ Гренланд ќе го припои кон САД.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа