Утрински Весник
Свет

Трамп: Сојузниците ја слават победата во Втората светска војна што им ја донесовме ние

20250506082929 big 730x400 29.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека победата во Втората светска војна е постигната исклучиво благодарение на САД.

MK Summit

– Победивме во две светски војни, но никогаш не ги презедовме заслугите за тоа – сите други го прават тоа! Ширум светот, сојузниците ја слават победата што ја имавме во Втората светска војна. Единствената земја што не слави се Соединетите Американски Држави, а победата беше постигната само благодарение на нас, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.


Тој оцени дека, без САД, исходот на војната би бил поинаков и најави дека ќе прогласи национален празник.

– Без Соединетите Американски Држави, војната ќе ја добиеја други земји, и колку поинаков свет би бил тоа. Затоа, со ова прогласувам национален празник во знак на прослава на победите во Првата светска војна, каде што примирјето беше потпишано на 11 ноември 1918 година, и Втората светска војна, каде што датумот на победата беше 8 мај 1945 година, наведе американскиот претседател.

Трамп додаде дека земјата нема да биде затворена „за овие два многу важни празници, 11 ноември и 8 мај“ бидејќи веќе има премногу празници во Америка. Наместо тоа, Американците ќе продолжат да работат како и обично.

– Нема доволно денови во годината. Бевме работници тогаш, а работници сме и сега! Документацијата следи. Да ја направиме Америка повторно голема, порача Трамп.

Американскиот претседател минатата недела го преименува 9 мај (8 мај во САД) во Ден на победата во Втората светска војна од претходното име што се користеше во земјата – Ден на победата во Европа. Покрај тоа, 11 ноември во САД досега беше познат како Ден на ветераните, а Трамп одлучи тој датум отсега да се одбележува како Ден на победата во Првата светска војна

Можете да прочитате

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

Трамп за фотографијата на која е претставен како папа: Не им се допаѓа на фејк медиумите, католиците ја сакаат

„Ла Република“: Различни групи кардинали имале приватни разговори пред конклавата