Утрински Весник
Свет

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина.

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.


Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.

Трамп денеска објави и дека американската војска го спасила „длабоко во планините на Иран“ вториот член на екипажот на борбениот авион Ф-15 што беше соборенен од иранската противвоздушна одбрана. Тој додаде дека спасениот пилот е „сериозно повреден, но и навистина храбар“ и оти операцијата за спасување била исклучително ризична.

Можете да прочитате

Италијанските аеродроми се соочуваат со недостиг на гориво поради војната со Иран

Сијарто: Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот во Србија

Ирански дронови предизвикаа пожари во нафтени комплекси во Кувајт и ОАЕ