Утрински Весник
Свет

Трамп: Шансите за терористички напад во САД поради илегалните имигранти се 100 отсто

Screenshot 2024 01 28 155004.png

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, смета дека веројатноста да се случи терористички напад во САД е 100 отсто, поради, како што рече, големиот број илегални имигранти.

„Нашата земја оди во пеколот поради неспособни или лоши луѓе. Терористите доаѓаат неконтролирано од целиот свет… И има 100 отсто шанси да има голем терористички напад во САД, оцени Трамп на предизборниот митинг во Невада.

Трамп посвети голем дел од својот говор на ситуацијата на јужната граница на САД со Мексико, повторно ветувајќи дека „ќе ја започне најголемата операција за депортација во Америка“. 

Можете да прочитате

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите