Утрински Весник
Свет

Трамп сака да го преименува највисокиот врв во Америка

Denali.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го врати највисокиот американски врв Денали на неговото поранешно име планината Мекинли, по 25-тиот американски претседател.

Врвот, кој се издига на 6.190 метри надморска височина, беше преименуван во „Денали“ од поранешниот претседател Барак Обама во 2015 година, усвојувајќи го името што со векови го користеа домородците од Алјаска.


Владата на Алјаска го направи тоа 40 години порано.

„Ќе ја преименуваме планината во чест на Вилијам Мекинли, голем претседател, како што треба“, рече Трамп во своето инаугуративно обраќање, за време на кое исто така изјави дека Мексиканскиот Залив отсега ќе биде „Американскиот Залив“.

Вилијам Мекинли, 25-тиот американски претседател, никогаш не го посетил Денали и нема врска со Алјаска или со планината, иако во негова чест беше именувана во 1917 година.

„Оваа објава е спротивна на желбите на домородните Американци, избраните функционери на Алјаска и вековната традиција“, рече Атан Мануел, директор за заштита на земјиштето на еколошката организација Сиера Клуб.

„Луѓето овде со векови го нарекуваа овој врв „Денали“, па дури и официјалните лица од Алјаска се противат на овој обид за преименување. Јасно е дека Доналд Трамп е повеќе заинтересиран за културната војна отколку за желбите на американскиот народ“, додаде тој.

Можете да прочитате

Постои опасност од урнување на хотелот во турскиот ски-центар Карталкаја, каде избувна голем пожар

Путин и Си Џинпинг разговараа преку видео-конференциска врска

Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп