Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сугерираше дека САД се одговорни за започнување на конфликтот во Украина, пренесува Newsweek.
Трамп во интервју за „Вистински глас на Америка“ изјави дека „глупавата реторика“ на американскиот претседател Џозеф Бајден „го принудила“ претседателот на Русија да испрати војници во Украина, пренесува Танјуг.
– Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин. Реториката беше толку глупава, тврдејќи дека војната во Украина немаше да се случи ако тој беше претседател,изјавил Трамп.
Трамп, исто така, нагласи дека, кога бил на чело на Белата куќа, се обидел да одржува добри односи и со рускиот и со украинскиот лидер, пренесува Newsweek.