Утрински Весник
Свет

Трамп разгледува опции за напади насочени кон картели во Венецуела; Мадуро – Венецуела е подготвена за „вооружена борба“ доколку САД ја нападнат

20250906075739 big 730x400 45.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, синоќа изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ во случај на напад од страна на САД, во услови на ескалација на тензиите меѓу двете земји, јави ДПА.

„Моментално сме во политичка фаза“, рече Мадуро во коментарите емитувани на венецуелската државна телевизија.

„Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, додаде претседателот на таа држава.

Можете да прочитате

Агенти на ICE ќе ги обезбедуваат ЗОИ, Градоначалникот на Милано: Тие не се добредојдени

САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата

Гром удри во толпа луѓе за време на собирот за Болсонаро во Бразил, десетици повредени