Утрински Весник
Свет

Трамп: Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина

Tramp 1.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Русија ќе се соочи со „високи даноци, тарифи и санкции“ доколку претседателот Владимир Путин не ја оконча војната во Украина.

На својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) Трамп денеска објави пост со изрази на „љубов“ кон рускиот народ и спомена дека секогаш имал „добри односи“ со Путин, по што упати директно предупредување да се „прекине оваа бесмислена војна!“


Тој напиша: „само ќе биде полошо. Доколку не постигнеме ’договор‘, и тоа што поскоро, нема да друг избор освен да воведам високи даноци, тарифи и санкции на сè што Русија продава на Соединетите Американски Држави и на други вклучени земји.“

-Време е да се ’постигне договор. Не треба луѓето повеќе да гинат, напиша Трамп и додаде дека со ова прави услуга на Русија, и на претседателот Путин, „чија економија пропаѓа. Постигнете договор и запрете ја оваа бесмислена војна“.

Русија моментално е најсанкционираната земја во светот, и само мал број на клучни ентитети или сектори сè уште не се предмет на американски и европски ограничувања.

Руските банки и воено-индустриските претпријатија се адаптираа и развија начини да ги заобиколат постојните санкции.

Можете да прочитате

Тројца загинати од урнато дрво во шума во северна Германија

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот