Утрински Весник
Свет

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран

Tramp 1.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран.

Тој одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, одговори:


– Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав – Предоцна!, објави Трамп.

САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персиски Залив.

Можете да прочитате

Израел ја нападна зградата каде што се избира новиот ајатолах

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија

Илјадници луѓе на масовниот погреб на девојчињата убиени во американско-израелскиот напад врз Иран