Утрински Весник
Свет

Трамп потпиша нови санкции против Куба, Хавана возврати: Нема да нѐ заплашите

Kuba.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите против кубанската влада, со цел да се зголеми притисокот врз Хавана.

Новите мерки се насочени кон лица и компании поврзани со безбедносниот апарат на кубанската влада, како и кон оние обвинети за корупција и сериозни прекршувања на човековите права. Санкциите може да опфатат и странски субјекти што работат во клучни сектори на кубанската економија.


Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез ги отфрли мерките, оценувајќи дека станува збор за „еднострани мерки“ што претставуваат колективна казна за кубанскиот народ.

„САД немаат право да воведуваат мерки против Куба или трети земји. Нема да нѐ заплашат“, порача Родригез.

Вашингтон со години бара Куба да го отвори државното стопанство, да исплати обештетување за одземени имоти и да организира слободни избори, барања што Хавана ги отфрла.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации