Утрински Весник
Свет

Трамп побарал од Си, Кина да не му доставува оружје на Иран

1744390802 tramp.jpg

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Фокс бизнис нетворк“ изјави дека побарал од кинескиот колега Си Џјипинг, Пекинг да не доставува оружје на Иран.

– Му испратив писмо во кое го замолив да не го прави тоа, а тој ми напиша писмо во кое во основа вели дека нема да го прави тоа, истакна Трамп.


Трамп ќе го посети Пекинг на 14 и 15 мај. Првично беше закажано да се сретне со Си кон крајот на минатиот месец или почетокот на овој месец, но посетата беше одложена поради војната на Блискиот Исток.

На прашањето дали зголемените цени на нафтата поради војната на Блискиот Исток, американската операција во Венецуела и изјавите на администрацијата за Куба ќе го променат тонот на средбата со Си, Трамп посочи: „Не мислам така. Нему му треба нафта, а не мене. Ова е личност со која се сложувам многу добро. Ми испрати многу убаво писмо“.

Трамп, исто така, истакна дека не добил „никакви“ приговори од Кина или Саудиска Арабија на неговата одлука да ја блокира Ормуска Теснина.

Можете да прочитате

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот

Нападната воена база во Кувајт, ранети американски војници