Утрински Весник
Свет

Трамп: Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела

Screenshot 2024 11 06 082828.jpg

Доналд Трамп и се обраќа на јавноста.

„Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката“, изјави Трамп

„Ќе се борам за вас, вашите семејства, вашата иднина. Нема да застанам додека не испорачаме силна и просперитетна Америка. Ова ќе биде златно доба за Америка. Ќе ве направиме горди и среќни. Сакам да погледнете наназад еден ден и да бидете горди што гласавте за оваа група луѓе зад мене“, рече Трамп.

Можете да прочитате

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин