Утрински Весник
Свет

Трамп отпушти тројца високи функционери

Tramp Epa.jpg

Трамп ги отпушти највисокиот американски воен функционер, шефицата на морнарицата и заменик-началникот на воздухопловните сили

Американскиот претседател на неговата социјална мрежа му се заблагодари на досегашниот шеф на Здружениот Генералштаб, генералот Си-Кју Браун и најави оти ќе следуваат и смена на функциите на пет други високи функционери во американското воено раководство.


Американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано го отпушти шефот на Здружениот Генералштаб, генералот Си-Кју Брајант кој беше поставен на оваа функција на први октомври 2023 година од страна на поранешниот претседател Џозеф Бајден. На својата социјална мрежа, Трамп напиша дека би сакал да му се заблагодари на Браун за неговата четириесет годишна служба во американската армија, но и најави дека ќе следуваат отпуштања на уште пет други високи функционери.

„Чест ми е да објавам дека ќе го номинирам пензионираниот генерал Ден „Разин“ Кејн да биде следниот шеф на Здржениот Генералштаб. Тој е успешен пилот, експерт за национална безбедност, успешен претприемач и борец со значително меѓуагенциско искуство“, напиша Трамп.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека генералот Браун треба да биде отпуштен поради неговиот фокус на диверзитет, еднаквост и инкузивните програми кои ги вовел во армијата.

А, набрзо по отпуштањето на генералот Браун, токму Хегсет објави дека во меѓувреме се отпуштени уште два високи функционери на американската армија – шефицата на американската морнарица, адмиралката Лиза Франчети, која беше прва жена на чело на оваа функција, како и заменик-началникот на воздухопловните сили, генералот Џим Слајф.

Хегсет кажа дека со новата администрација на чело со Доналд Трамп, преку новите функционери кои ќе бидат назначени од нивна страна, ќе се врати фокусот на армијата кон главните цели – победување во војни.

(360 степени)

Можете да прочитате

Двајца полицајци убиени во САД за време на рутинска контрола на сообраќајот

Истанбул блокиран поради снег, откажани летови

Евакуација на станбена зграда поради експлозивна направа во Германија