Утрински Весник
Свет

Трамп: Ненадејната смрт на Навални ме освести што се случува

1707986516 tramp.webp.webp

Доналд Трамп, кој како претседател на САД беше критикуван дека го пофалил рускиот лидер Владимир Путин, го даде својот прв коментар за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Ненадејната смрт на Алексеј Навални ме направи сè повеќе свесен за она што се случува во нашата земја. Тоа е бавна, постојана прогресија со нечесни, радикални левичарски политичари, обвинители и судии кои не водат по патот на уништување“, напиша Трамп.

„Отворените граници, наместените избори и крајно нечесните судски одлуки ја уништуваат Америка. Ние сме нација во опаѓање“, додаде тој.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден во петокот директно го обвини Путин за смртта на Навални во казнено-поправниот дом северно од Арктичкиот круг.

Можете да прочитате

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци

Лавров: Европа ја поттикнува војната во Украина

Како вештачката интелигенција би можела да го загрози човештвото? Пет сценарија што ги разгледуваат научниците