Утрински Весник
Свет

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Tramp 2.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека некои Американци би можеле да добијат некаков вид дивиденда или распределба на пари како резултат на воведувањето царини за трговските партнери на Соединетите Американски Држави (САД).

„Распределбата на профитот или дивидендите би можела да се организира за нашите граѓани, првенствено за луѓе со средни и пониски приходи“, изјави Трамп пред новинарите, според агенциите.


На 1 август, Трамп потпиша извршна наредба за нови царини за увоз од десетици земји, која ќе стапи на сила во рок од седум дена.

Новите царини се движат од десет до 41 процент, со највисока царина за Сирија, 35 проценти за Србија, додека Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја подлежат на царини од 15 проценти.

Можете да прочитате

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив

Куба повика да не се прават паралели со Иран и Венецуела после изјавите на Трамп

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк