Утрински Весник
Свет

Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик

Tramp.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна.

„Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во САД“, рече тој на митинг во Пенсилванија.


Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на рамни 25 проценти „без исклучоци или ослободувања“ во еден од неговите први потези за да им помогне на индустриите кои се борат со странска конкуренција.

Царините ќе се применуваат на милиони тони челик и алуминиум увезени од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја и други земји кои извезуваа без царина во САД.

Можете да прочитате

Најмалку 25 лица повредени во руски ракетен напад во Украина

ФБИ спречило потенцијален потенцијален терористички напад во Северна Каролина

Чешкиот премиер Бабиш повикува на мир и ги критикува алармистите за војна