Утрински Весник
Свет

Трамп најави дека наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Zlatna kupola tramp3 1.jpg

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.


Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.

– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. ДА ГО НАПРАВИМЕ БЛИСКИОТ ИСТОК ПОВТОРНО ГОЛЕМ!“, нагласува Трамп.

Можете да прочитате

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни