Утрински Весник
Свет

Трамп го продолжи рокот за продажба на ТикТок за уште 75 дена

Tiktok.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го продолжува рокот за продажба на социјалната мрежа ТикТок за дополнителни 75 дена, бидејќи „трансакцијата бара повеќе работа“ иако смета дека е постигнат „голем напредок“ на овој план.

Веќе на крајот на јануари, американскиот претседател го одложи за прв пат, за 75 дена, стапувањето во сила на законот донесен од Конгресот во 2024 година.


Законот предвидува забрана на ТикТок во САД доколку социјалната мрежа не ги прекине врските со својата матична компанија ByteDance, односно со Кина.

ТикТок долго време е цел на американските власти, при што многу официјални лица веруваат дека забавната видео платформа му дозволува на Пекинг да ги шпионира своите 170 милиони американски корисници и да манипулира со информации

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп