Утрински Весник
Свет

Трамп ги зголемува царините за канадска стока на 35 проценти

Tramp 1.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба за зголемување на царините за канадска стока од 25 на 35 посто, соопшти Белата куќа.

-Како одговор на континуираната неактивност и одмаздничките мерки на Канада, претседателот Трамп утврди дека е потребно да се зголемат царините за Канада од 25 отсто на 35 проценти за ефикасно справување со моменталната вонредна состојба, се вели во соопштението.


Трамп подоцна за Ен-Би-Си Њуз изјави дека е отворен за понатамошни разговори со Канада и додаде дека можеби дури и ќе разговара со канадскиот премиер Марк Карни.

Новите царини стапуваат на сила денеска, 1 август.

Можете да прочитате

Иран порача до ЕУ доколку не можат сами, тие ќе им помогнат да го заштитат Гренланд

Две згради се урнаа утрово во Истанбул

Нетанјаху ја повика Европа во борбата против Иран