Утрински Весник
Свет

Трамп ќе ги зголеми глобалните царини на 15%

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе воведе глобални царини од 15 проценти за увоз на стоки во САД, откако Врховниот суд на САД ги поништи неговите претходни мерки поврзани со увозните давачки.

Трамп претходно најави дека ќе ги замени поништените царини со нов данок од 10 проценти за сите производи што влегуваат во земјата, но во денешната објава на социјалната мрежа Truth Social посочи дека стапката ќе изнесува 15 проценти.

Според најавите, новите царини ќе стапат во сила во вторник, 24 февруари, и би можеле да важат околу пет месеци. По тој период, администрацијата ќе треба да побара одобрение од Конгресот за нивно продолжување.

Во објавата, Трамп упати остри критики кон судската одлука и најави дополнителни мерки како одговор на пресудата.

Можете да прочитате

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Внимателно ќе ја анализираме ситуацијата

Зеленски вели дека војната му ја одзела можноста да го поминува своето време со семејството

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност