Утрински Весник
Свет

Трамп денес ја почнува акцијата за ослободување на заглавените бродови во Хормуз

Ormuts.webp.webp

Како дел од новата иницијатива во Ормутскиот теснец, објавена од американскиот претседател Доналд Трамп во неделата, бродовите на американската морнарица нема нужно да обезбедуваат придружба на трговските бродови, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, за Сју, откако американската војска го потврди своето учество во операцијата.

Бродовите на американската морнарица ќе бидат „во близина“ во случај да треба да спречат ирански воен напад врз трговски бродови што се движат низ Заливот, објави Равид.


Американскиот претседател во неделата објави дека САД ќе започнат операција за „спасување“ на бродови на неутрални земји заглавени во Ормутскиот теснец во понеделник наутро, без да даде детали за операцијата или дали американската морнарица ќе учествува во неа.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ја опиша акцијата како „хуманитарен гест“ чија единствена цел е да им помогне на неутралните земји кои не учествуваат во американско-израелската војна против Иран.

„Во корист на Иран, Блискиот Исток и Соединетите Американски Држави, им кажавме на тие земји дека безбедно ќе ги отстраниме нивните бродови од тој ограничен воден пат, за да можат слободно и вешто да си ја вршат својата работа“, напиша Трамп во објавата.

Според Меѓународната поморска организација, стотици бродови и околу 20.000 морнари се заглавени во теснецот и не можат да го напуштат од почетокот на конфликтот, објави Ројтерс.

ЦЕНТКОМ: 15 илјади војници и над 100 летала

Централната команда на САД (CENTCOM) подоцна објави дека во операцијата ќе учествуваат 15.000 американски воени лица, заедно со над 100 копнени и морски авиони, воени бродови и беспилотни летала. Целта на операцијата е да се „враќа слободата на пловидба за комерцијален поморски сообраќај“ низ теснецот, се вели во соопштението на CENTCOM.

„Нашата поддршка на оваа одбранбена мисија е клучна за регионалната безбедност и светската економија, заедно со поморската блокада што ја одржуваме во исто време“, изјави командантот на ЦЕНТКОМ, адмирал Бред Купер.

Можете да прочитате

Иран: Ќе ја нападнеме секоја странска армија што ќе се обиде да влезе во Хормуз

Безбедноста на Путин драстично зголемена, Кремљ стравува од атентат и државен удар

Берлин и ЕУ подготвуваат одговор на зголемувањето царини за автомобили од страна на Трамп