Утрински Весник
Свет

Трамп цело утро беснеел и викал на сите, ја обвинил и Меланија: „Ти си виновна за др. Оз!“

Трамп цело утро беснеел и викал на сите, ја обвинил и Меланија: „Ти си виновна за др. Оз!“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, им се развикал на своите блиски соработници поради резултатите од среднорочните избори што се одржаа на 8 ноември, а „Тајмс“ пишува дека Трамп ја обвинил сопругата Меланија за неуспесите на кандидатите на републиканската партија.

dobivaj vesti na viber

Најтешко му паднала победата на Рон Де Сантис на изборите за гувернер на сојузната држава Флорида, кој собра нешто повеќе од 4,6 милиони гласови, 1,5 милиони повеќе од кандидатот на Демократската партија, Чарли Крист.

44-годишниот гувернер на Флорида моментално е еден од најпопуларните политичари во Републиканската партија и може да ги наруши плановите на Трамп за претседателските избори во 2024 година. Се очекува Трамп следниот вторник да објави дека по трет пат ќе се кандидира за претседател на САД.

Трамп се надеваше дека добрите изборни резултати на неговиот т.н МАГА на Републиканците ќе му дадат крилја, но некои кандидати што ги поддржа ги загубија изборите, што покажува дека се уште има гласачи на кои не им се допаѓа неговата политика.

„Тајмс“ наведува дека по поразите што ги претрпеа неговите кандидати, Трамп многу се налутил на своите советници. Тој, наводно, бил особено бесен затоа што републиканците го избрале контроверзниот телевизиски доктор Мехмет Оз, за свој кандидат за Сенатот во државата Пенсилванија. Демократскиот кандидат Џон Фетерман го победи Оз. Трамп за тој пораз обвини неколку блиски соработници и неговата сопруга Меланија, која беше меѓу поистакнатите личности кои го поддржаа Оз. Американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ пишува дека „бесниот“ Трамп тврдел дека одлуката на неговата сопруга „не била најдобра“.

Еден од советниците на Трамп за американската телевизија Си-Ен-Ен изјавил дека поранешниот американски претседател „викал“ на сите свои блиски соработници. Важни се кандидатите“, вели советникот. Сите беа лоши“.

Трамп ги поддржа затоа што му беа лојални, а не затоа што беа добри политичари. Советникот на Трамп изјави дека лошите резултати на неговите кандидати најверојатно нема да резултираат со одложување на објавувањето на неговата кандидатура на следните претседателски избори. „Би било преголема штета“, додаде советникот.

Можете да прочитате

Францускиот премиер предлага укинување на два државни празника за намалување на долгот

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва

Прва реакција на Кина по ултиматумот на Трамп за Русија