Утрински Весник
Свет

Трамп: Бајден не’ доведе до работ на третата светска војна

Трамп: Итни преговори за мир или трета светска војна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прозва својот наследник Џо Бајден за неговата политика кон војната во Украина. Трамп порача дека тој би преговарал со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.

dobivaj vesti na viber

„Џо Бајден преку слабост и неспособност нè доведе до работ на третата светска војна. Добро ме слушнавте, ние сме на работ на третата светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот“,  рече Трамп.

Инаку, тој ја започна предизборната кампања откако претходно ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа.

На Трамп неодамна му беше дозволено да се врати на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од кои беше избркан поради инвазијата на неговите приврзаници во Капитол пред две години. Тој веќе можеше да се врати на својот омилен Твитер, бидејќи мрежата ја купи иноваторот и мултимилијардер Илон Маск.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат