Утрински Весник
Свет

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

Tramp carini 4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на почетокот на  неговата државна посета на Обединетото Кралство, денеска кусо разговараше со новинарите за војната во Украина и неговите планови за нејзино запирање. 

Запрашан од една новинарка за испораката на американските системи „Патриот“ за Украина и тајмингот на нивно пристигнување, американскиот претседател прво ја праша новинарката од каде доаѓа, а кога слушна дека е од Украина, тој кусо кажа „ ја сакам Украина, го сакам народот на Украина…..“  


-Но, земјата е во сериозна неволја. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас ќе ја спречам, рече  Трамп, додавајќи дека тој лично запрел седум војни во последните осум месеци

„Мислев дека ова ќе биде најлесно бидејќи го познавам Путин. Но, не е така, бидејќи постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе го спречиме тоа“, рече американскиот претседател.

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година