Утрински Весник
Свет

Трамп ја прекинал средбата со Зеленски и европските лидери за телефонски разговор со Путин

Img 4271.jpeg

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор во текот на средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознаен со случајот.

Според истиот извор, Европејците не биле присутни за време на разговорот меѓу Трамп и Путин. Европски функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека Трамп ги прекинал преговорите со европските лидери и Зеленски за да му се јави на рускиот претседател.


Веста првично беше објавена од германскиот весник Билд, кој пренесе дека дискусиите со европските лидери продолжиле по завршувањето на телефонскиот разговор со Путин. Информацијата подоцна беше потврдена и од „Ројтерс“ преку нивни извори.

Можете да прочитате

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив

Куба повика да не се прават паралели со Иран и Венецуела после изјавите на Трамп

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк