Утрински Весник
Македонија

Трактор и автомобил се судрија во Дебрца, тешко повредена 86-годишна жена

Traktor 1.jpg

Вчера на локалниот пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа меѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б. (58), и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (72), двајцата од истото село.

Во несреќата тешко е повредена 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, а полесни повреди добила 62-годишната Д.Д., сопатничка во автомобилот. Двете повредени биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.


При увидот, полициската екипа од СВР Охрид утврдила дека возачот на тракторот М.Б. управувал под дејство на алкохол, со 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Левица: И директор во ЕСМ и советник во Скопје – Илјази тврди „нема случај” но, законот го вели спротивното

Младеновска: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

ОЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира