Утрински Весник
Македонија

Трагична несреќа во Скопје: Загина мотоциклист, се судриле со Холанѓанец

Motor.jpg

На 20.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Се запали возило во Влае

Лажен полицаец одзел возило на фирма, а подоцна нападнал и женa и ѝ го украл кучето

30.000 евра, закани и сомнеж за манипулација со телефон – потресни сведоштва на судењето за трагедијата во Тафталиџе