Утрински Весник
Свет

Трагедија во Тајланд: Се запали училишен автобус,најмалку 25 загинати

Screenshot 20241001 120337 Chrome.jpg

Училишен автобус со ученици и наставници се запали во предградие на главниот град Бангкок. Учениците заминале на екскурзија, а се стравува дека загинале околу 25 луѓе, додека 16 се хоспитализирани, соопшти Владата.

Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјави за новинарите дека се верува дека загинале 25 лица, без да даде детали.

Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот се уште се истражува.

На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад се излева од автобусот, чии делови сè уште гореле. Пожарот подоцна бил изгаснат.

Премиерот Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците отишле на екскурзија.

„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.

Можете да прочитате

Се одбележува Меѓународниот ден на старите лица, Јапонците се со најдолг животен век

Асанж во Стразбур: Ја избрав слободата наместо неостварливата правда

Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија