Утрински Весник
Свет

Трагедија во Хрватска: загина петгодишно девојче

Трагедија во Хрватска: загина петгодишно девојче

Хрватската полиција на Истра утринава, околу 6.о5 часот од Итната медицинска помош добила пријава дека на дете во Медулин му е потребна лекарска помош.

dobivaj vesti na viber

И покрај напорите на здравствените работници, детето починало и е пренесено во болницата во Пула на обдукција, јавува „Гласот на Истра“.

Полициски службеници ги утврдуваат околностите за настанот.

Петгодишното девојче е државјанин на Чешка, кое живеело со родителите во Медулин. Тие беа лоцирани во поширокиот центар на градот. Утрово, нешто пред 6 часот, била повикана итна помош бидејќи на детето му се слошило, а тие веќе побарале лекарска помош поради здравствените проблеми на девојчето.

По пристигнувањето на брзата помош и покрај вонредните напори на лекарите и применетите реанимациски процедури, на девојчето не можело да му се помогне и кај него била констатирана смрт.

Портпаролката на ПУ на Истра, Сузана Сокач, изјави дека е отфрлено секое сомневање за насилна смрт и кривично дело.

Можете да прочитате

Тројца загинати од урнато дрво во шума во северна Германија

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот