Утрински Весник
Спорт

Трагедија – Почина 19. годишен играч на РК Аеродром

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Трагична вест ја потресе спортската јавност во Македонија, откако утрово беше обелдоенето дека починал 19. годишен ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Андреј Петрески со прекар „штурче“, играч кој целата кариера ја мина во овој клуб и во новата сезона требаше да се натпреварува во елитното македонско ракометно друштво. Тој починал во својот дом, а членовите на семејството, како и сите членови на РК Аеродром се во шок од овој трагичен настан.

Попладнево од 12:30 во капелата на гробиштата во Бутел ќе биде последниот поздрав со Андреј Петрески. Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Камник.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026