Утрински Весник
Македонија

Трагедија: Ненадејно почина 14-годишник од Битолско, му се слошило на роденденска прослава

Brza Pomos 1 1170x746 1.jpg

Во атарот на битолското село Крстоар, вчера попладне ненадејно починало 14-годишно момче.

Според информациите, осмоодделенецот од ОУ „Коле Канински“ во Битола наводно бил гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, му се слошило и паднал на земја.

Веднаш била повика итна медицинска помош.

„Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница – Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“ – информираат од полицијата.

Полицијата извршила увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)