Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор Ципрас-Заев, истакната важноста на почитувањето на Договорот од Преспа

Zaevciprasstrumica.jpg

Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Северна Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Северна Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана