Седмо традиционално зимско искачување на врвот Клепа се одржа денеска во чест на македонски планинари Александар Миновски и Калина Велевска кои загинаа трагично во бездна на денешен ден 11 февруари во 2018 година искачувајќи се на планината Ниџе на врвот Кајкамкачан во соседна Грција.
Околу 500 учесници од повеќе планинарски друштва од земјава и неколку од Србија денеска се искачија на врвот Клепа на 1150 метри надморска висичина, а по патот запреа во шумата на Калина каде таа како учесник на првото искачување на Клепа на 4 февруари 2018 година само неколку дена пред нејзината смрт ги засади своето дрвце во шумата која наредната година беше именувана во Шумата на Калина. Организатори на походот и годинава беа Еколошката групација „Грин Пауер“ од Велес и Спортското планинарско еколошко друштво „Клепа“ од Росоман со подршка на Општина Градско и Росоман.