Утрински Весник
Култура

Традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ на 12 и 13 јануари

Традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ на 12 и 13 јануари

На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.

dobivaj vesti na viber

За да се одбележи традицијата на Василица кога се крши лепче со паричка на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет, најави организаторот.

Додаваат дека традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Останати се уште малку билети во продажба на билетарницата и онлајн на www.operabalet.mk, информира организаторот.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“