Утрински Весник
Спорт

Трајковски се сели во Хајдук Сплит

Трајковски се сели во Хајдук Сплит

Александар Трајковски (31) наскоро би требало да стане нов играч на Хајдук, пишуваат италијанските медиуми „Калчомеркато“ и „Тутомеркато“. Според овие извори, интерес за Трајковски покажале Динамо Загреб и Хајдук, но македонскиот фудбалер го избрал сплитскиот клуб и наскоро ќе го потпише договорот.

dobivaj vesti na viber

Трајковски во Хајдук пристигнува како слободен играч откако летово му истече договорот со Ал-Фајх од Саудиска Арабија.

Македонецот веќе има искуство во првенството на Хрватска. Во 2010 година од Цементарница на 17. годишна возраст се пресели во Интер Запрешиќ. Во сезоната 2010/2011. во ХНЛ одигра само десет натпревари како првотимец за Интер, но тоа му беше доволно да постигне три гола и четири асистенции.

Пред 19. роденден си замина од Интер, кој не можеше да одбие 1.100.000 евра, кои ги понуди белгиски Варегем. Подоцна Трајковски херој играше за Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и споменатиот саудиски клуб.

Најистакнат беше во Палермо, каде на 113 настапи постигна 20 и постави 16 гола и во Варегем, за кој постигна 13 и асистираше на 11 гола на 95 натпревари. На 84 настапи за Македонија постигна 21 гол.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига