Утрински Весник
Македонија

Трајче Стојчевски избран за нов претседател на СДММ

Img 3313.jpeg

На 26-тата изборна конференција, денеска едногласно од младите социјалдемократи за нов претседател на СДММ – Социјалдемократската младина на Македонија, е избран Трајче Стојчевски.

Во своето обраќање пред младите, Стојчевски се заблагодари за довербата и истакна дека посветено ќе работи на обединување на прогресивните млади луѓе, унапредување на социјалдемократијата и враќање на СДММ на победничките патеки.

„Обединети во нашата заедничка визија за праведно и правично општество со еднакви можности за сите млади, ние сме прогресивна младина, втемелена во верувањето дека светот може и мора да биде подобро место за сите. Нашата идеологија не е збирка на апстрактни верувања, туку моќна сила која ги води нашите постапки и нашата визија за иднината. Тоа е нашата водилка: Силна младина, незапирлива иднина. Иако предизвиците се големи, уште поголема е нашата решителност“, изјави Стојчевски.

Тој додаде дека социјалдемократите нема да дозволат никој да биде замолчен: „Ние сме генерација која одбива да биде замолчена. Нашата посветеност за социјална правда, солидарност, праведност, еднаквост и слобода не е минливо чувство, туку темел на нашиот идентитет. Се бориме за општество за сите, без разлика на родот, етничката припадност, религијата, сексуалната ориентација, попреченоста, социјалното потекло или економскиот статус. Наш приоритет е родовата еднаквост и солидарна заедница, каде што јавните услуги, образованието, здравството и правдата се квалитетни и достапни за сите.

Можете да прочитате

Предизвиците на првиот училишен ден во Скопје

Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите

Локализиран пожарот во струшко Велешта, сообраќајот нормализиран