Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Img 1842.jpeg

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром:

Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром


Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно.

Предвидуваме изградба на нови, модерни и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за децата со попреченост. Ќе се адаптираат рабниците на тротоарите, ќе се изградат тактилни патеки, затоа што пристапноста не е луксуз, тоа е човеково право.

Особено внимание ќе посветиме на решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку системска соработка со сите надлежни институции, за да обезбедиме безбедна и хумана средина.

Ќе изградиме нови велосипедски патеки, ќе воведеме брз и функционален јавен превоз, а преку паметни паркиралишта и осветлување ќе создадеме општина што штеди енергија и време, а нуди квалитетен урбан живот.

Безбедноста е темел на сè што правиме. Затоа ќе воведеме редовна контрола на противпожарните системи во сите станбени згради и ќе изградиме нова противпожарна станица на територијата на Аеродром.

Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром.

Затоа на 2 ноември, заедно да се избориме за подобра општина, за општина која се грижи за секого.

Можете да прочитате

Општина Илинден со континуирани инвестиции во квалитетно образование

Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии

Дел од центарот на Скопје денеска без вода