Утрински Весник
Скопје

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

Sdsm filipce aerodrom 1 1.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денес од Аеродром упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината.


„Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски”, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од граѓаните, но и потребниот капацитет и искуство.

Според него, Трајановски се издвојува како сериозен кандидат кој веќе на терен покажал дека знае како да ја води општината и понудил реални решенија за нивните проблеми.

„Покажа со своето однесување, со својата работа на терен и со контактите со луѓето дека има капацитет да ја води општината. Во секој аспект и од секој агол, тој е неколкукратно подобар од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ”, нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелниот градоначалник не понудил отчет за тоа зошто не е реализирана ниту петтина од предизборната програма, што, како што рече, е сигнал дека Аеродром може и мора подобро.

„Човекот нема одговор на тоа зошто не е исполнето ниту 20% од неговата програма. Сметам дека Аеродром заслужува многу повеќе од тоа”, додаде Филипче, упатувајќи апел до жителите да направат промена.

Можете да прочитате

Оштина Чаир без Бадентер изменуваше две улици по борци на ОНА

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

Нови дигитални услуги за паркирање во Центар, апликации, сензори и помалку чекање на шалтери