Утрински Весник
Свет

Товарен брод од Украина се насука во Босфор

Товарен брод од Украина се насука во Босфор

Товарниот брод МКК 1, кој пловел од Украина кон Турција, утринава се насука во Босфор и сообраќајот во тој теснец е запрен, но нема извештаи за штета, соопштија агенти на бродската агенција „Трибека“.

dobivaj vesti na viber

Неколку реморкери беа испратени за да му помогнат на товарниот брод долг 142 метри, со 13.000 тони грашок на него, соопшти Канцеларијата на пристаништата во Истанбул.

Инцидентот се случил во близина на Умурјери помеѓу вториот и третиот мост на Босфорот.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот спонзориран од ОН за извоз на жито од Украина, во текот на викендот соопшти дека бродот тргнал од украинското црноморско пристаниште Пивденџи за турското медитеранско пристаниште Мерсин.

Договорот склучен меѓу Украина и Русија, со посредство на Турција и ОН во јули, помогна да се транспортираат милиони тони жито и други земјоделски производи од украинските пристаништа.

Тој договор за извоз на жито од пристаништата на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната прехранбена криза продлабочена со војната во Украина, која е еден од најголемите светски извозници на жито и нафта.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење