Утрински Весник
Спорт

Тотенхем потроши многу за да ги обесштети поранешните тренери

Тотенхем потроши многу за да ги обесштети поранешните тренери

Тотетнхем спогодбено се раздели со Антонио Конте со што претседателот на клубот Даниел Леви продолжи со праксата да отпушта менаџери под договор.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот стручњак е единаесетти кој млраше да замине откако во 2001 година клубот е во сопственост на ЕНИК со претседателот Даниел Леви. Исто така, тој е шести во последните десет години што си заминува пред крајот на договорената соработка.

Поради неговото заминување три месеци пред датумот до кој е договорена соработката, Тотенхем ќе му плати околу четири милиони фунти (околу 4,5 милиони евра). Тоа значи дека сумата што клубот им ја плати на отпуштените тренери во последните десет години е околу 55 милиони фунти (околу 63 милиони евра).

Менаџери отпуштени од Тотенхем во последните 10 години и нивните отпремнини:

Андре Вилаш-Боаш, декември 2013 година, 4,5 милиони фунти (околу 5,1 милиони евра)

Маурицио Покетино, ноември 2019 година, 12,5 милиони фунти (околу 14,2 милиони евра)

Жозе Мурињо, април 2021 година, 20 милиони фунти (околу 22,8 милиони евра)

Нуно Еспирито Санто, ноември 2021 година, 14 милиони фунти (околу 16 милиони евра)

Антонио Конте, март 2023 година, 4 милиони. фунти (околу 4,5 милиони евра).

Вкупно: 55 милиони фунти (околу 63 милиони евра)

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари