Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Вчера двајца завршија во притвор поради семејно насилство, денес уапсени се уште двајца

Pance Toskovski.jpg

„Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30 дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат“ напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во својата објава порача и дека МВР постапува бескомпромисно.


„Секој што ќе крене рака на друг или ќе помисли дека може да малтретира, демне и заплашува жена, ќе се соочи со институциите и со законот.

Ги охрабрувам сите граѓани, особено жртвите на семејно насилство и било какво вознемирување, да пријавуваат. Институциите сега се тука да ве заштитат, брзо и одлучно.

А оние што денес глумат морални судии и организираат пресови со „крвави раце“, обидувајќи се од трагедиите да направат политички спектакл, нека продолжат со тоа. Истите тие со години ја третираа полицијата како алатка за заштита на сопствените криминални и партиски интереси, наместо како институција што ги штити граѓаните. Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења, постапки и институции што конечно работат“ пишува Тошковски.

Можете да прочитате

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Осумдневен притвор за Стојанче осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство