Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Секој што правел криминал ќе одговара, без разлика кој и колку високо бил

1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гостувајќи во емисијата „Трилинг” на прашање дали е почната борбата со високиот криминал и корупција, што ја еродираат државата, потенцираше дека борбата е веќе силно почната со доаѓање на новото раководство на МВР уште во техничката влада.

„Имаме врховен судија којшто повеќе не е врховен судија и осуден  е на три години казна затвор, членот на Советот на јавни обвинители којшто не е повеќе дел од Советот, а притоа призна вина за делото што го сторил. Мислам дека е јасен знак дека битката со криминалот и корупцијата е почната. Борбата со овој тип на криминал преку ноќ не може да даде резултат. Многу е мал бројот на човечки ресурси на соодветно професионално нови коишто се во рамки на институциите, коишто треба да се борат со тој криминал, немало соодветни обуки, лош менаџмент на техничките средства. Но, јасна е посветеноста на оваа раководство и оваа влада за борбата со корупцијата со високиот криминал, сакаме да се бориме и ќе се бориме.”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски потенцираше дека секој што правел криминал ќе заврши пред лицето на правдата и нагласи дека има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари, на коишто се работи, а јавноста ќе дознае за сите нив кога ќе дојдат во фаза на процесуирање.

Можете да прочитате

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски