Утрински Весник
Македонија

Тошковски потврди дека и екс премиер е дел од истрагата за Државна Лотарија

010.jpg

Утринава во Скопје се преземени повеќе дејствија на повеќе локации и е постапено по претходно поднесена кривична пријава од страна на Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.


„При претресите кај еден од осомничените се пронајдени парични средства од околу 40.000 евра, кај втор околу 20.000 евра а две од опфатените лица не се достапни“ рече Тошковски.

Тој кажа дека овој случај се уште е во рана фаза и дека наскоро ќе има нови детали.

Претходно, неколку медиуми наведоа дека покрај првиот вицепремиер Артан Груби, во случајот со државна Лотарија, опфатен е и екс премиерот Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Левица: Владата троши 450.000 евра за луксуз, додека гласа против минимална плата од 500 евра

Кои се министрите кои се спасија од обвинение за пожарот во „Пулс“

ЈУЛИ 2025 ни носи голема суша во Европа, временски непогоди во Македонија и во Италија!