Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес, демократијата се гради преку учество

544481927 122254706864197509 396959549590657446 n.jpg
Dik 300x250 mk

Панче Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го искористи своето демократско право на глас, при што изјави дека демократијата се гради преку учество, доверба и почит кон волјата на граѓаните.

Министерот Тошковски потенцира дека денешниот ден е ден на демократијата – кога граѓаните слободно, мирно и достоинствено ја изразуваат својата волја.


„Нашата задача како институција е да обезбедиме таа волја да се реализира во безбедна и мирна атмосфера. Полицијата е на висина на задачата и професионално, непристрасно и одговорно го обезбедува изборниот ден, гарантирајќи дека целиот процес ќе тече мирно, безбедно и во духот на демократијата”, истакна министерот.

Во својата изјава, Тошковски ги повика сите граѓани активно да се вклучат во изборниот процес и да го искористат своето демократско право на глас, согласно своите убедувања и совест.

„Секој даден глас е израз на лична одговорност и придонес кон иднината на нашето општество. Само преку учество и мирно изразена волја ја градиме довербата во институциите и во демократијата,” нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Можете да прочитате

36-годишен маж од Гостивар измамен за сума од 7.200 денари

Хорор во Кавадарци: Осуммина насилници упаднале во домот на сограѓанин, му искршиле се и ги претепале него и сопругата

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк