Утрински Весник
Македонија

Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Toskovski 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го посетија граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со Косово на кој од денес целосно е имплементиран „One Stop“ системот на заеднички контроли кој придонесува за побрз транспорт на луѓе и поголема трговија и туризам помеѓу двете држави.

„Со пуштањето во функција и на овој граничен премин помеѓу Македонија и Косово ја заокружуваме границата кон Косово, овозможуваме побрз трансфер на граѓани помеѓу нашите две држави. Пуштањето во функција на граничниот премин Блаце се покажа како многу функционално на овој начин, така што се надевам дека на овој начин и овде на граничниот премин на кој што се наоѓаме моментално исто така ќе имаме подобра функционалност, побрз трансфер на нашите граѓани, се со цел за да имаме што е можно подобра комуникација како две држави. Секоја од полициските служби ја штити својата граница, со тоа што ги разменуваме многу брзо и реално за многу брз временски период можеме да овозможиме нашите граѓани да преминат во Косово, а косовските граѓани да преминат во Македонија.“, потенцираше министерот Тошковски.


One Stop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, набрзо ќе биде пуштен и со Република Србија, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји-соседи кои не се дел од Европската Унија.

Можете да прочитате

Расте бројноста на загрозените белоглави мршојадци во Македонија!

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

За Панчо во моментов нема да се води постапка бидејќи е во тешка здравствена состојба, вели Коцевски