Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Нема компромиси со криминалот и тие што профитираат на сметка на граѓаните, запленети 6 килограми кокаин и над 150 килограми марихуана

Pance Toskovski.jpg

Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.


Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал.

Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани, напиша во објавата Тошковски.

Можете да прочитате

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ОЈО и МВР ја потврдија акцијата во Куманово: Се вршат претреси на повеќе локации

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!