Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Камера од ,,Безбеден град” не е украдена

Pance Toskovski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Не е украдена камера од проектот „Безбеден град“ во Општина Сарај, а објавите во медиумите и на социјалните мрежи се неточни, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Не, не е украдена. Тоа не е вистина. За жал, има многу портали, фејсбук- и инстаграм-страници што со лажна фактичка состојба се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси, дали тоа се политички, бизнис-интереси или други.“ – вели Тошковски.

Според него, позитивно е тоа што македонските граѓани, и покрај лажните вести, даваат огромна поддршка за имплементирање на проектот, и дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со неговата примена како дел од европските стандарди за безбедност.

„Во овој тест-период видовме дека и само со опомени, без казни, граѓаните придонесуваат за спасување човечки животи. Во 2024 година на територија на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје имаше пет жртви во сообраќајни несреќи, а во декември 2025 година во Скопје нема ниту едно починато лице како последица на непочитување сообраќајни правила.“-вели тој.

Тошковски посочи дека тоа е заслуга на македонските граѓани кои решиле да го забават управувањето на моторните возила во главниот град.

Можете да прочитате

 Фетаи: Остро го осудувам случајот со малолетничката во Слупчане

Мицкоски со моќна божиќна порака

Сиљановска-Давкова со божиќна порака до граѓаните