Утрински Весник
Свет

Откажани летови во Амстердам – 24info.mk

Avion.jpg

Речиси 500 летови се откажани поради обилни снежни врнежи во Амстердам. Аеродромот „Схипхол“ беше затворен за дојдовен авионски сообраќај до пладне.Дел од авионите беа пренасочени кон други аеродроми во регионот.

Снегот предизвика сериозни проблеми и во железничкиот сообраќај, при што возовите не сообраќаат во поширокото подрачје на Амстердам. Отежнато се одвива и патниот сообраќај, со бројни сообраќајни незгоди.

Надлежните власти ги повикаа граѓаните да останат дома доколку нема итна потреба за патување.

Можете да прочитате

Драма во Ормутскиот Теснец: Двајца Хрвати заробени по иранската заплена на бродот „MSC Francesca“

Руската нафта повторно тече кон Словачка и Унгарија: Фицо смета дека нафтоводот „Дружба“ воопшто не бил оштетен

Принцот Хари порача на Путин да ја запре војната – 24info.mk